Итна операција на Надал, за него 2018 е завршена!

Рафаел Надал се откажа од мастерсот 1000 во Париз, а нема да го видиме и на завршниот во Лондон.

 

Шпанскиот тенисер има повреда и одлучил веднаш да се оперира. Тој го оперираше десниот глужд, а истата поминала успешно, соопшти самиот тој на социјалните мрежи.

 

Носителот на 17 гренд слем титули поради овој хируршкиот зафат го откажа и учеството во финалниот „Мастерс“ турнир на АТП и не можеше да се бори против Новак Џоковиќ за првото место на светската ранг-листа на крајот од 2018 година.

 

- Ви благодарам за пораките што ги добив вчера и денеска. Операцијата на глуждот помина добро и сакам да ви кажам дека го откажуваме егзибицискиот настан за поддршка на жртвите во Мајорка, напиша Надал на Твитер.

 

Откако Шпанецот го пропушта последниот АТП турнир за годинава, на негово место во Лондон се најде Џон Иснер, а другата резерва, Кеј Нишикори доби право на учество откако поради повреда се откажа Хуан Мартин дел Потро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.