Извлечени групите за Мастерсот во Лондон (видео)

Во Лондон од 11 до 18 ноември ќе се игра завршниот Мастерс турнир на кој ќе учествуваат осум тенисери.

 

Организаторот ги објави составите на двете групи со по четири играчи.

 

Во групата „Гуга Куертен“ се: Новак Џоковиќ – првиот светски рекет и најдобар српски тенисер, Александар Зверев од Герменаија, Хрватот Марин Чилиќ и Џон Изнер од САД.

 

Во групата „Лејтон Хјуит“ ќе играат: Роџер Федерер (Швајцарија), Кевин Андерсон (Јужна Африка), Доминик Тим (Австрија) и Кеј Нишикори (Јапонија).

 

Двајцата првопласирани од секоја група одат во полуфиналето во полуфиналето.

 

Минатогодишниот победник Григор Димитров нема да има можност да го брани трофејот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.