Ди-џеј и богата програма во фан зоната на Вардар пред мечот со Барселона

Вардар во недела ја пречекува големата Барселона во натпревар од 7.коло од ракометната Лига на шампиони. Двата тима имаат по десет бода на врвот на групата „А", но поради подобрата гол-разлика, Kаталонците го заземаат првото место, па во недела од 17.00 часот не очекува вистинско ракометно дерби.

 

Картите за дуелот веќе се распродадени. Oд 15.00 часот ќе биде отворена фан зоната, се до почетокот на натпреварот. Таму ќе бидат пречекани ракометарите и ќе им биде дадена поддршка пред влегувањето во салата.

 

Покрај убавата атмосфера, од тимот најавуваат и добра музика со ди-џеј за забава на присутните, продажба на храна и пијалоци по пристапни цени, како и посебна селфи зона. Маскотите кои се присутни во салата сега ќе бидат блиску до навивачите, а и девојките што настапуваат на полувремето и на секој тајм аут, во салата ќе имаат своја програма.

 

  • Дојдете заедно да се радуваме на нов успех на Вардар. Ве очекуваме во недела пред СЦ „Јане Сандански", порачуваат вардарци.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.