Леброн се искачи на петтото место на вечната листа НБА поентери

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, Леброн Џејмс изби на петтото место на вечната листа поентери.

 

Во победата на ЛА Лејкерс над Портланд од 126:117 постигна 44 поени. На Џејмс му недостасуваше само една асистенција да запише трипл-дабл.

 

Тој средбата ја заврши со 10 скока и 9 асистенции. Ѕвездата на Лејкерси со 44-те поени против Портланд, стигна до вкупно 31.425 поени во неговата кариера.

 

На вечната листа поентери пред Леброн се: 1. Карим Абдул Џабар 38.387 2. Карл Мелоун 36.928 3. Коби Брајант 33.643 и 4. Мајкл Џордан 32.292 поени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.