Хрватска без Ракитиќ против Англија

 Хрватскиот национален тим ќе биде без еден од нејзините играчи Иван Ракитиќ во дуелот со Англија од фудбалската Лигата на нациите.

 
Ракитиќ,кој е играч од средниот ред, се повреди на средбата на Хрватска против Шпанија, што „коцкестите" ја добија со 3:2.
 
Од хрватската репрезентација не прецизираа каква е повредата на 30-годишниот играч, но тој го напуштил кампотт и се врати во својот клуб Барселона.
 
– Имаме варијанти и без Ракитиќ. Треба да одиме на „Вембли" и да се забавуваме, изјави хрватскиот селектор Златко Далиќ.
 
Натпреварот е клучен за конечниот пласман во групата 4 на Лигата А. Победникот на дуелот ќе заврши на врвот на табелата, а реми би било неповолно и за двата тима, кои ќе завршат на втората и третатата позиција, додека Шпанија би била прва.
 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.