Ангеловски: Играта може да се подобри, но важни се бодовите

Со вчерашната победа Македонија дојде на чекор до пласман во полуфиналето во лига „Д" од ова натпреварување.
 

 

– Мора да се честита за победата на натпреварот и остварување на целта. Играта секако дека може да се подобри, но бодовите се најважни. За жал, останавме без Адеми, кај кого се појави тахикардија, па со лекарскиот тим решивме да не настапи. Лихтенштајн одлично се бранеше, но по голот на Барди, беше многу полесно, изјави синоќа селекторот Ангеловски.
 
Тој изрази и жалење за повредата на Спировски, кој се пожали на повреда на коленото, но ќе мора да се почекаат дополнителните прегледи за да се види сериозноста на повредата.
 
Во однос на жолтиот картон на Горан Пандев, поради кој ќе паузира со Гибралтар, вели дека е штета што капитенот нема да игра, но сепак мора да се извојува победа во понеделник во Скопје на „Градски". Следен натпревар за напаѓачот на Џенова би требало да биде во квалификациите кои почнуваат во март наредната година.
 
– Штета што доби жолт картон. Добро ќе беше да го прослави јубилејот од 100 натпревари за репрезентацијата со Гибралтар. Сепак треба да ја завршиме работата и без него, додаде Ангеловски.
 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.