Перез: Нема сомнеж дека Модриќ е најдобар

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез верува дека никој не го поставува прашањето дали Лука Модриќ е најдобриот фудбалер за 2018 година.

 

Хрватот ја прекина десетгодишната доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси за „Златната топка". Модриќ, исто така, ги освои и наградите на УЕФА и ФИФА.

 

– Модриќ имаше феноменална година, а неговите награди го докажуваат тоа. Никој не треба да се прашува дали е најдобар. Задоволство е да се гледа како игра. Начинот на кој ја контролира топката, асистира, шутира … Вистински подарок е да имаш во тимот, тој  е личност која обединува и не создава конфликти. Тоа ги обединува луѓето. Остави огромна трага во неговата ера, освојувајќи сè со Реал Мадрид, изјави шефот на тринаесеткратниот европски шампион

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.