Ривер Плата го освои Копа Либертадорес (видео)
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 10 Декември 2018
Екипата на Ривер Плата е шампион на Јужна Америка, откако во Мадрид во реваншот од контроверзното финале го совлада тимот на Бока Јуниорс со 3:1.
До трофејот Ривер дојде по дополнителни 30 минути, бидејќи основните 90 завршија нерешено 1:1.
Стрелци на головите за победничкит тим беа Прато во 68. минута, Квинтеро во 109 и Мартинез во 122 минута.
За Бока погоди Бенедето во 44.минута кога и го отвори резултатот на натпревариот.
Бока Јунирос натпреварот го заврши со играч помалку поради исклучувањето на Бариос во 92.минута.
Првиот натпревар заврши нерешено 2:2.
Реваншот се одигра во Мадрид поради безбедносни причини по инцидентот кога во Буенос Аирес навивачи на Ривер го нападнаа автобусот на Бока и повредија неколку играчи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс