ПСЖ негира продажба на Нејмар или Мбапе и ги нарече новинарите шизофреници
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 10 Декември 2018
Францускиот фудбалски шампион ПСЖ ги негираше вестите дека поради запазување на финансискиот фер-плеј, клубот ќе мора да го продаде Нејмар или Килијан Мбапе.
Претходно, вакви информации се појавија во француското издание на„Л'Екип".
- ПСЖ повторно се прашува за главната цел на „Л'Екип" и, особено, нивните активности во однос на клубот. Веќе има многу докази дека нивната цел е да ја расипат атмосферата во тимот.
- Последниот случај – публикацијата за Кавани пред натпреварот со Стразбур. Она што тие кажуваат за нас во весникот секој ден ја докажува нашата слава, но во исто време зборува за шизофренија на раководството на весникот, стои во клупското соопштение на Пари Сен Жермен.
Неодамна, парискиот клуб, исто така, протестираше поради објавувањето на веста дека во натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ – Црвена ѕвезда” (6:1) имало обид да се намести резултатот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс