Клоп го сака во Ливерпул братот на Азар

Ливерпул ја разгледува можноста да го купи офанзивниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Торган Азар.
 
Според „Ливерпул Ехо", клубот може да плати 29 милиони евра за братот на Еден Азар. Менаџерот Јирген Клоп дури инсистира на тоа да го види белгискиот репрезентативец во црвениот дрес уште оваа зима.
 
Борусија Дортмунд, Севиља, Валенсија, Манчестер Јунајтед и Евертон, исто така, се интересираат за помладиот Азар.
 
Торган Азар досега одигра 14 натпревари во Бундеслигата, постигнувајќи осум гола и шест асистенции.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.