Фудбалски турнир по повод 50 години ФК „Каменица Саса"

 Во Македонска Каменица се организираше турнир во мал фудбал по повод 50 години постоење на фудбалскиот клуб „Каменица Саса". Настанот го отвори градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова која им посака на најмалите многу успех во понатамошниот спортски развој.
 
 
-Чест ми е што сум дел од овој ваш настан, и од почетокот на значајниот јубилеј на ФК „Каменица Саса" кој ќе продолжи со промоција на резултатите и постигнатото на клубот во изминатата 2018 година. Ви посакувам да бидете успешни и вистински амбасадори на Македонска Каменица и еден ден да бидете шампиони на Македонија, рече Стаменкова.
 
 
Додаде дека општината и во 2019 година ќе продолжи со континуирана поддршка на спортистите од Македонска Каменица.
 
 
Јубилејниот турнир се одигра во рамки на детската лига на Македонија во фудбал, а учествуваа четири екипи од Источна Македонија.
 
 
-Ни гостуваат екипите на Академија Постолов – Пандев, Брегалница Штип и Слога Виница. Фудбалерите се поделени во три генерациски групи и очекуваме добри натпревари. Како организатори по повод јубилејот за најуспешните ќе следуваат и соодветни награди и признанија, рече претседтелот на ФК Каменица Саса, Климент Ѓорѓиевски.
 
 
Настанот беше поддржан од општина Македонска Каменица и Рудник Саса.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.