Жезус: Посакував хет-трик
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 15 Декември 2018
Двојниот стрелец за Манчестер Сити на денешниот триумф против Евертон (3:1), рече дека имал желба со „хет-трик" да го прекини голгетерскиот пост.
- Сакав да дадам и трет гол, но беше тешко. Во секој случај, среќен сум поради изданието на тимот. Победивме силен тим, одигравме квалитетно и заслужено ги освоивме бодовите, истакна Жезус.
Бразилецот се запиша во листата на стрелците по пауза од четири месеци.
- Ми се врати самодовербата, бидејќи семејството стоеше зад мене целиот овој период. Оваа сезона ќе ни биде потешко да го освоиме трофејот со оглед на силните конкуренти.
- Сега е многу важно што се вративме на првата позиција, истакна Жезус.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс