Баерн, Манчестер Јунајтед и Атлетико ќе се борат за потпиост на Перишиќ

Напаѓачот на Интер, Иван Перишиќ може да го напушти клубот следното лето. Според „Тутоспорт" нероазурите се подготвени да го продадат 29-годишниот Хрват за 50 милиони евра.

 

Најмногу заинтересиран за Перишиќ е Манчестер Јунајтед. За потпишувањето со напаѓачот на Хрватот, лично е заинтересиран тренерот на „Црвените Ѓаволи", Жозе Мурињо.

Другите кандидати за неговиот потпис се Баерн и Атлетико.

Во тековната сезона Перишиќ одигра 20 натпревари за Интер, постигна два гола и оствари две асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.