Модриќ истрча со „Златната топка" на „Сантијаго Бернабеу"

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, пред натпреварот од 16. круг од шампионатот на Шпанија против Рајо Валекано ја изнесе Златната топка на теренот на „Сантијаго Бернабеу". Тој од домашните навивачи беше поздравен со бурен аплауз.

Триесет и три годишниот Хрват ја доби оваа награда на 3 декември од страна на „Франс Фудбал".

Победата на Модриќ во анкетата на францускиот весник стави крај на 10-годишната доминација на Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед / Реал / Јувентус) и Лионел Меси (Барселона) кои беа прогласувани за најдобри фудбалери од 2008 наваму.

Реал го зазема четвртото место во шампионатот на Шпанија со 26 бода од 15 натпревари.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.