Гризман: Можам да станам уште подобар

Во својот натпревар бр. 300 во Ла Лига, Антоан Гризман постигна два гола за победата на Атлетико Мадрид над Ваљадолид со 3:2. Со погодоците, Французинот веќе е лидер на листата кај стрaнците, со најмногу голови за Атлетико.

Можам да станам уште подобар. Не сум оптимална форма, бидејќи годината беше многу долга, а понекогаш ми недостасува брзина и острина. Среќен сум што можам да му помогнам на мојот тим, изјави Гризман по синоќешниот меч.

Тој потоа ја анализираше тешката победа на гостувањето која е само втора за „црвено-белите" како гостин во текот на сезоната.

– Натпревари како овој никогаш не се лесни. Диего Симеоне не предупреди на паузата кога водевме со 2:0 дека ништо не е решено. Беше тешко кога ни изедначија, но најважно е што ние сепак победивме. Првото полувреме беше многу силно за нас и би можеле да бидеме среќни во целост, додаде Французинот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.