Милан ќе го привлече Фабрегас со парите од Чалханоглу

Mилан се обидува да го наговори раководството на Челзи да ја преполови цената на својот фудбалер Цеск Фабрегас, која во моментот е фиксна на 8 милиони евра.

 

Постои варијанта италијанскиот гигант да го финансира трансферот, ако го продаде својот офанзивен играч Хакан Чалханоглу.

 

Интересот на „росонерите" за 31-годишниот Фабрегас веќе не е тајна за никого, а едвај пред неколку дена спортскиот директор на клубот, Леонардо потврди дека во моментов ситуацијата се „проценува".

 

Договорот на шпанскиот ветеран со Челзи истекува на крајот од тековната кампања. Тој не добива многу минути за игра под водство на Маурицио Сари, и очигледно ќе побара нов предизвик.

 

Во принцип, Милан имаше намера да го привлече Фабрегас како слободен агент во текот на летото, но тешките повреди на Лукас Билија и Џакомо Бонавентура го принудуваат тимот да дејствува веднаш.

 

А за да го ослободи Фабрегас во јануари, Челзи сака да добие најмалку 8 милиони евра. Милан од своја страна не смета дека има смисла да плаќа повеќе од 4 милиони, а и финансискиот ферплеј ги притиска „црвено-црните" да бидат исклучително внимателни при трошоците.

 

Се чини дека за да набави свежи финансии, гигантот од Милано ќе го продаде Хакан Чалханоглу, кој не успеа да убеди со своите настапи по пристигнувањето на „Сан Сиро".

 

Тренерот Џенаро Гатузо речиси по секој натпревар е незадоволен од турскиот репрезентативец, за кого беа платени 22 милиони во текот на летото на 2017-та.

 

Целта на итаијанскиот гигант е да вратат најмногу што можат од дадениот износ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.