Арсенал ќе понуди 70 милиони евра за Хамес Родригез

Крилото на Реал Мадрид, Хамес Родригез, кој игра како позајмен во Баерн Минхен, може да ја продолжи кариерата во Англија.

 

Арсенал е подготвен да плати 70 милиони евра за Колумбиецот, што му одговара раководството на „кралскиот" клуб, соопштува „Мирор".

 

Неодамна се појавија информации дека Баерн нема намера да ја активира клаузулата за откупување на играчот вредна 42 милиони евра и во текот на летото тој треба да се врати во Реал.

 

Се зборуваше и за интерес од Јувентус кон 27-годишниот фудбалер. Неговиот договор со Реал е до летото 2020 година.

 

Оваа сезона, Хамес играше на 11 натпревари за баварците во сите натпреварувања, постигна 3 гола и асистираше за два.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.