Поради ризик од лавина, откажани трките во Сент Антон

Австрискиот центар Сент Антон викендов требаше да биде домаќин на најдобрите светски скијачи во брзи дисциплини, но спустот во сабота и супер-џи во недела беа откажани поради опасноста од снежни лавини, екстремни количества снежни врнежи и лоша временска прогноза за време на викендот, соопшти Австриската скијачка федерација.

 

Безбедносните услови за скијачите и луѓето кои треба да ја подготват патеката се главната причина поради која трката беше откажана три дена пред првиот старт, во согласност со Меѓународната скијачка федерација (ФИС).

 

Оттаму објавија дека интензивно бараат место што може да биде домаќин на откажаниот спуст и супер-џи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.