Гвардиола сака капитенот Компани да остане во тимот

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сака дефанзивецот Винсент Компани да го продолжи договорот со клубот.

 

Сегашниот договор на 32-годишниот Белгиец истекува на крајот од сезоната. Дефанзивецот одиграл 338 натпревари за Сити од приклучувањето во 2008 година.

 

Од 2011 година, Компани ја носи капетанската лената на тимот. Репрезентативецот на Белгија е најуспешниот фудбалер во историјата на „граѓаните", освојувајќи ја три пати титулата во Премиер Лигата, три пати Лига Купот и еден ФА Куп.

 

Запрашан дали Компани треба да остане, Гвардиола рече: „Би сакал да остане. Неговиот единствен проблем се повредите".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.