Шефот на Мекларен: Направивме вистински избор со Рено

Шефот на Мекларен, Зек Браун, изјави дека главниот фокус на напорите на тимот пред зимските тестирања е издржливоста.

 

Важно е тимот да извлече максимум од осумте дена, а не да ги повторува грешките од претходните години, смета тој.

 

Во 2018 токму поради несигурноста на болидот, Мекларен не успеаја да го искористат определеното време и не собраа доволно податоци за развојот на болидот. Логично, во текот на сезоната тие се најдоа далеку назад на стартната линија.

 

– Сега пристапуваме поинаку, се обидуваме да бидеме подобро подготвени. Минатата година имавме многу проблеми со сигурноста на болидот во Барселона. Сега презедовме првични мерки.

 

- Продолжуваме да го развиваме автомобилот на неделна основа, како и сите други, а во Австралија ќе одиме со онаа модификација, која се покажала најсигурна, рече Браун.

 

Тој додаде дека од тимот се задоволни од работата со Рено и дека го направиле вистинскиот избор, кога ги промениле моторите на Хонда.

 

– Предизвиците кои се појавија пред нас, не беа поврзани со моторот, туку беа наши. Хонда, се разбира, продолжи да се развива, и вршат одлична работа што не не изненадува. Мило ми е што тие останаа во спортот.

- Ние го направивме вистинскиот избор со Рено, бидејќи во последните пет трки во 2018 тие четири пати беа на подиумот. Сега нашата најважна задача е да направиме добар болид, заврши шефот на Мекларен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.