Репрезентативецот Филип Кузмановски и официјално потпиша за Магдебург

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски (22) потпиша договор со германски Магдебург.

 

Бундеслигашот и официјално потврди дека го привлекол играчот на Еурофарм, кој до крајот на сезоната ќе остане во битолскиот тим.

 

Договорот со Магдебург е до 2022 година. Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт изјави дека Кузмановски е флексибилен играч во нападот и одбраната и ќе биде големо засилување за тимот.

 

– Среќни сме што успеавме да ја побеиме конкуренцијата бидејќи тој беше во фокусот на многу големи клубови, изјави Вигерт, цитиран од сајтот на клубот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.