All for Joomla All for Webmasters

Во Шпанија уапсени 83 лица поради местење резултати во тенисот

Шпанската полиција уапси 83 лица, од кои 28 професионални тенисери, поради местење резултати на фјучерс и челинџер турнири, објави „Европол".

 

Како што се наведува, меѓу уапсените нив е и еден тенисер кој минатата година учествувал на УС Опен, и се сомнева дека вкупно наместил 97 натпревари.

 

Сè било организирано од криминална банда од Ерменија, која ги поткупувала тенисерите да влијаат на резултатите со цел финансиска добивка, а за да ја обезбедат работата дури и присуствувале лично на некои од мечевите.

 

Во текот на операцијата за апсење во Шпанија, одземена е кеса со 167.000 евра, пушка сачмарка, поеќе од 50 електронски уреди, кредитни картички, пет луксузни автомобили, додека блокирани се 42 банкарски сметки





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.