All for Joomla All for Webmasters

Лазаров: Недостатокот во квалитет можеме да го надоместиме со патриотизам

Капитенот на ракометната репрезентација од Македонија, Кире Лазаров беше најпрецизен за „жолто-црвените" денеска при победата над Јапонија со 38-29, а веднаш по мечот го потврди мислењето на своите колеги дека победата била остварена потешко отколку што тоа реално изгледало на теренот.

 

Тој сепак изрази задоволство од победата, но не и од играта. Смета дека има работи кои мора да се поправат, сепак се радува што почнавме со победа за поголема самодоверба во продолжение.

 

– Се подготвувавме многу за овој натпревар и тоа вроди со плод. Не ми се допаднаа некои работи зошто кога имавме водство, гледавме во семафорот и дозволувавме нерезонски шутеви. Сепак ова е голема победа за голема самодоверба, пред сѐ за младите, изјави Лазаров.

 

Во однос на следниот меч со Бахреин, тој смета дека нема да биде лесен натпревар.

 

– Мислам дека нема да е лесно со Бахреин. Тие се цврста репрезентација, играа финале против Катар на Азискиот куп, имаат добра екипа. Тие се поцврста екипа од Јапонците. Сега да се одмориме, мислам дека и вие сте свесни дека имаме недостаток во квалитет, тоа можеме да го надоместиме само со патриотизам и со национален набој. Само со таква поставеност можеме да им парираме на Бахреин и на другите репрезентации, додаде капитенот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.