Мата: Не размислувам за враќање во Шпанија

Офанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, изјави дека не помислил за враќање во Шпанија и дека е среќен во Англија.

Триесет годишниот Шпанец игра во Англија во 2011 година, кога потпиша со Челзи, a во 2014 година премина во Манчестер Јунајтед.

– Јас сум во Англија долго време и се чувствувам многу добро. Мислам дека сум добро адаптиран на Премиер Лигата и на животот воопшто. Нормално е да ти недостасува домот, како и семејството и пријателите. Но, искрено, не знам дали во блиска иднина ќе се вратам во Шпанија. Ова не е нешто за што размислувам многу. Јас размислувам само за Манчестер Јунајтед, изјави Мата за „Диарио АС".

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.