Гатузо: Се надевам дека Игуаин ќе остане

Напаѓачот на Милан, Џенаро Гатузо се надева дека напаѓачот Гонзало Игуаин ќе остане во тимот.

 

Во последниве недели се шпекулира дека Аргентинецот може да го напушти „Сан Сиро", откако е посакуван од Челзи. Напаѓачот беше вклучен во натпреварот за Купот против Сампдорија.

 

- Ако Гонзало не тренираше, на начин на кој што сакам, не би го вклучил во тимот. Има многу гласини за него, но тој продолжува да тренира, да работи напорно и да покажува професионализам, како да не се случило ништо.

 

- Сè е во рацете на неговиот брат и неговиот агент. Се надевам дека Игуаин ќе остане што е можно подолго, но ќе видиме што ќе се случи. Додека тој е тука и се однесува така, немам проблем, рече популарниот Рино.

 

Во однос на претстојниот меч со Сампдорија, Гатузо додаде дека тимот „нема да оди на одмор во Џенова".

 

- Италијанскиот куп е турнир, за кој сме многу возбудени. Минатата сезона дојдовме до финалето и поразот беше големо разочарување. Точно е дека ќе се сретнеме со тимот на Сампдорија, кој е во одлична форма, но ние исто така ќе можеме да се потпреме на оптимален состав, рече Гатузо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.