Старата дама ослабена во нападот за дуелот со Атлетико во ЛШ

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ може да пропушти еден месец поради проблеми со колкот, објави „Скај Спорт Италија".

 

Хрватот се повреди за време на тренингот во четвртокот. Тренерот Масимилијано Алегри, изјави дека прогнозите на лекарите во врска со периодот за закрепнување на играчот не се многу добри.

 

Така, Манџукиќ може да го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Атлетико закажан за 19 февруари во Мадрид.

 

Во тековната сезона хрватскиот репрезентативец во дресот на Јувентус играше на 21 натпревар, постигна 9 и оствари четири асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.