Лазаров: Најтешките натпревари се пред нас

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров рече дека за „црвено-жолтите" допрва следуваат тешките натпревари на Мундијалот.

 

Македонија забележа две победи на стартот против Јапонија и во 2.коло со Бахреин, а вечерва ја очекува мечот со Хрватска.

 

- Добро го отворивме шампионатот. Имаме две победи, но најтешките натпревари се пред нас. Ние не располагаме со широк ростер и многу се трошиме.

 

- Но нема предавање. Ќе се бориме, изјави Лазаров.

 

Македонскиот капитен на првите две средби постигна по 8 гола и е најефикасниот играч во репрезентацијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.