ФК Вардар ќе одигра седум пријателски натпревари во Турција

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на 16 јануари заминува на зимски подготовки во Аланија, каде што ќе одигра четири натпревари.

 

Противници на „црвено-црните" во турскиот град ќе бидат Иртиш од Казахстан на 19 јануари, Сумгаит од Азербејџан три дена подоцна, Александрија од Украина на 28 јануари и Черно Море од Бугарија на 2 февруари.

 

Предвидено е одигрување на уште три контролни натпревари на 26 и 30 јануари, и на 3 февруари, а противниците ќе бидат дополнително објавени, соопштено е на клупскиот сајт на ФК Вардар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.