Бензема се приклучи на листата повредени фудбалери на Реал

Центарфорот на Реал Мадрид, Карим Бензема скрши прст на раката на мечот со Бетис и им се придружи на повредените играчи на „кралскиот клуб", потврди тренерот Сантијаго Солари.

 

Бензема синоќешниот натпревар во Севиља го заврши уште по првото полувреме. Засега не е познато колку долго Французинот ќе биде надвор од теренот.

 

Претходно на листата повредени фудбалери на Реал се најдоа Герет Бејл, Маријано Дијаз, Тони Крос, Марко Асенсио и Маркос Љоренте.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.