Червар: Против Македонија нема да ни биде воопшто лесно

Селекторот на Хрватска, Лино Червар, е претпазлив пред денешниот дуел со Македонија во рамките на 3.коло Б-група на Светското ракометно првенство.

 

– Македонците многу добро ги познавам. Сите овие играчи ги тренирав, тие сакаат да се докажат и да не победа. Играат паметно. Нема да ни биде нималку лесно.

 

- Бев селектор на Македонија и секогаш кажувам дека тоа е мојата втора татковина. Ракометот во Македонија е најпопуларен спорт.

 

- Го имаат Лазаров, Манасков Стоилов,… Мораме да бидеме претпазливи, изјави Червар.

 

Почетокот на натпреварот е во 18 часот. По првите две рунди Шпанија, Македонија и Хрватска имаат по максимални четири бода, додека Исланд, Бахреин и Јапонија се без освоен бод.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.