Игуаин официјално побара дозвола да замине во Челзи

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин сака да оди во Челзи, објавија италијанските медиуми.

 

За „Росонерите" тој настапува како позајмен играч од Јувентус. Како што објави „Скај спорт Италија", аргентинскиот фудбалер поднел официјално барање за трансферот.

 

Тој сака да оди во Челзи, каде што работи тренерот Маурицио Сари, под чие раководство играше во Наполи.

 

Во исто време, Милан не сака да му дозволи на играчот да оди без да добие замена, додека Јувентус не е задоволен од понудата на Челзи во трансферот да го вклучи Алваро Мората.

 

Оваа сезона, 31-годишниот Гонзало Игуаин играше одигра натпревар за Милан и постигна осум гола со три асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.