Меси го постигна 400. гол во Примера

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси го постигна 400-от погодок во шпанскиот фудбалски шампионат.

 

Аргентинец синоќа ја затресе мрежата на Еибар (3:0) во натпреварот од 19. коло на Примера. Меси не е само најдобриот стрелец во Шпанија, туку и во ТОП 5 лигите во Европа.

 

Најдобар стрелец во англиската Премиер лига е Џими Гривс – постигна 357 гола, настапувајќи за Челзи, Тотенхем и Вест Хем.

 

Во Италија, со 274 голови прв на вечната листа е Силвио Пиола, кој играше за Про Верчели, Лацио, Торино, Јувентус и Новара.

 

Најдобриот стрелец во Германија, Герд Милер постигна 365 гола за Баерн.

 

Листа на стрелци во Франција е предводена од Делио Онис, кој како дел од Ремс, Монако, Турс и Тулон, има дадено 299 гола.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.