Македонија убедливо поразена од Хрватска на Светското првенство

Репрезентацијата на Македонија го доживеа првиот пораз на Светското првенство во ракомет, кое се игра во Германија и Данска.

 

Нашиот тим беше убедливо поразен од Хрватска со 31:22 (11:16) во меч од третото коло од групата „Б", кој се одигра во Минхен.

 

Хрватите беа фаворити пред почетокот на дуелот и тоа го покажаа на теренот, а голманот на „коцкастите", Марин Шего имаше свој ден и одбрани 12 удари на нашите репрезентативци, кои немаа свој ден во нападот.

 

Најпрецизен кај „жолто-црвените" беше Дејан Манасков со 6 гола, капитенот Кире Лазаров постигна 5, а кај победничкиот тим Домагој Дувњак реализира 6 погодоци

 

Утре е слободен ден за македонските репрезентативци, а веќе во среда играме со фаворизираната Шпанија. Клучниот натпревар за избраниците на Раул Гонзалез ќе биде во четврток против Исланд, кога ќе бркаме пласман во главната фаза на СП.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.