Червар: Бевме поуспешни од Македонија во играта со седум играчи

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Лино Червар по вечерашната победа над Македонија со 31-22 во меч од 3-тото коло на Светското првенство, одигран во „Олимпик хале" во Минхен, изјави дека ова е важна победа за нив, бидејќи пренесуваат два бода во втората фаза од натпреварувањето.

 

Домагој Дувњак ги предводеше „коцкастите" со шест гола и осум асистенции, додека Марин Шего ја „спушти ролетната" со 12 одбрани и беше најзаслужен за водството од 5 гола разлика на Хрватска на крајот од првото полувреме.

 

– Одбраната одлично функционираше, а во нападот бевме интелигентни и го контролиравме натпреварот. Бевме поуспешни во играта со седум играчи од нив, а Македонците седмиот играч на теренот не го искористија колку што сакаа.

 

- Ги анализиравме многу добро и освоивме важен натпревар, бидејќи овие два бода се префрлаат во вториот круг, рече Червар по мечот.

 

Тој додаде дека и покрај вечерашната победа, треба да се размислува за освојување на бодови и во идните два натпревари, посебно против Шпанија.

 

– Мораме да бидеме скромни, добро да се подготвиме, и заедно со овие навивачи да се обидеме да изненадиме против Шпанците, додаде Червар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.