Лоши вести за Тотенхем: Хари Кејн аут до март

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн доби ужасна вест денеска попладне.

 

Тој ќе биде аут од терените до средината на март поради тешка повреда на глуждот, добиена за време на мечот против Манчестер Јунајтед (0:1) на „Вембли" во текот на викендот.

 

Отсуството на Кејн е многу сериозен удар за амбициите на „петлите". Тимот продолжува да се бори за место во Лигата на шампионите следната година, а моментално се трети со 48 поени.

 

На тимот му претстои реванш против Челзи во полуфиналето на Лига Купот на Англија, откако првиот натпревар беше освоен со 1:0 на „Вембли" токму со погодокот на англискиот репрезентативец од пенал.

 

Кејн е еден од најдобрите стрелци во Премиер лигата оваа сезона со 14 гола во 22 натпревари.

 

Тој има 19 гола во 30 натпревари од почетокот на тековната кампања во сите натпреварувања.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.