Тојота му понуди на Алонсо да вози за нив на Дакар 2020

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо е во преговори со Тојота за учество на релито Дакар 2020 година.

 

Тимскиот менаџер на Тојота, Жан-Марк Фортен верува дека Шпанецот е подготвен во 2020 година да седне зад воланот на нивниот „теренец".

 

- Можеме да се обидеме да го сториме тоа со Алонсо. Но, да видиме како ќе поминат преговорите и какви планови има Фернандо.

 

- Ние знаеме дека и тој и ние имаме таква желба. Мислам дека ова е реално, изјави Фортен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.