Македонија поразена од Исланд на СП

Македонија доживеа пораз од Исланд со 22-24 (13-11) во последниот натпревар за нашата репрезентација во групата „Б" на СП во ракомет и не се пласира во следната фаза од Мундијалот.

 

Селекцијата на Гудмундур Гудмундсон имаше потреба од само бод за да оди во следната фаза.

 

Македонскиот тим имаше водство од +2 по првото полувреме по солидното претставување, но Исланд се држеше во игра, откако ги користеше грешките при играта „7 на 6", која ја форсираше селекторот Раул Гонзалес. „Рибарите" постигнаа дури 4 гола при празна мрежа на Македонија. Клучно за поразот беа деветте минути без гол кога Исланѓаните поведоа со +2 (16-18). Македонија не се предаваше и успеа да израмни на 21-21, но потоа противникот повторно постигна два гола и на крајот триумфираше со 24-22.

 

Најпрецизни кај „жолто-црвените" беа Манасков и Лазаров со по пет погодоци, а Ристовски беше одличен на голот. Најдобар кај Исланд беше Гунарсон со десет постигнати гола.

 

Македонија ја заврши групната фаза на четвртото место, со две победи и три порази.

 

Во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место, Македонија ќе се сретне со Русија или Србија во Келн.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.