Лазаров: Полека заличуваме на вистинска репрезентација, треба да учиме од грешките

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров не е разочаран од поразот од Русија и прикажаното во досегашниот дел од Мундијалот.

  • Ни се повторуваат работите од претходните натпревари. Секогаш противничкиот голман е играч на натпреварот. Промашивме многу шанси. Треба да имаме посебно тренинг за „зицери". Загрижува неефикасноста. Сепак, Русите се квалитетни. Не е срамота да се изгуби од нив. Дадовме максимум. Има позитивни има и негативни работи во нашето издание. Полека заличуваме на вистинска репрезентација. Ни фалат два –три поискусни играчи. Треба да сме паметни и научиме од грешките, изјави Лазаров.

Капитенот најави максимално залагање и на утрешниот меч, последен на првенството.

  • Ќе дадеме максимум утре, ќе пробаме да победиме. Потоа следува анализа, да се лоцираат грешките и да одиме напред. Не смееме да им го одземе задоволството на навивачите и да ги оставиме без наше учество на следните големи натпреварувања, потенцира Лазаров.

Тој во денешниот пораз од Русија (28:30) постигна осум погодоци по што и натаму е меѓу водечките на листата на стрелците на СП.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.