Верати претрпе сериозна повреда

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел соопшти дека халфот на тимот Марко Верати добил сериозна повреда во натпреварот од 21-виот круг на Лига 1 против Гингам (9:0). Италијанецот беше повреден во првото полувреме и беше заменет во 19 минута од натпреварот.

Не се добри вестите за Верати. Тој има сериозна повреда. Ова е најлошото нешто што можеше да ни се случи, прокоментира Германецот, цитиран од goal.com.

На Верати му претстојат истражувања за да стане познат рокот во кој ќе недостасува од терените. Повредата сигурно ќе ја смени ситуацијата во ПСЖ, кои во текот на оваа сезона немаат ниту еден пораз и освоија 17 натпревари од 19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.