Солари: Може да ја освоиме титулата, за Реал нема ништо невозможно

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари верува во шансите на својот тим да се бори за титулата во Шпанија. „Белите" во моментов заостануваат зад лидерот Барселона со 7 поени, но ако вечерва каталонците го победат Леганес, оваа разлика ќе стане повторно 10 поени.

 

Синоќа Реал одигра силен натпревар при победата со 2:0 над Севиља и тоа ја врати самодовербата кај фудбалерите и тренерот.

– Ќе се бориме за победа во сите натпреварувања до крајот. За Реал нема ништо невозможно. Кога играш со директен конкурент, овој натпревар е за повеќе од три бода. Ти собираш поени, а противникот – не. Беше заслужена и убава победа, од првата минута игравме за неа. Модриќ беше неверојатен, тој е вистински борец. Играше со рана над окото, но успеа да постигне гол на крајот на натпреварот, изјави шпанскиот тренер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.