Мирко Кро Коп му се ,,освети,, на Рој Нелсон во Белатор - Погледнете ја целата борба! (видео)

Хрватскиот MMA борец, Mирко Кро Коп Филиповиќ успеа да му се "одмазди" на Рој Нелсон за поразот од пред осум години во УФЦ.

 

Мирко Филиповиќ победи со одлука на судиите по жестоки три рунди со американскиот ММА борец.

 

Настанот беше во рамките на организацијата Белатор 216 што се одржа во сојузната држава Конектикат во Мохеган Сан Арената во САД.

 

Ова беше вистински реванш на хрватот над американецот од кого загуби во 2011 година. Кро Коп ја забележа десеттата победа во серија, а прва во Белатор.

 

Нелсон го победи Kрo Кoп на UFC 137 пред осум години, откако судијата ја прекина борбата во третата рунда.

 

Овојпат Мирко беше доминантен посебно во првата и втората рунда, па така судиите одлучија во негова полза со 10:9.

 

Во последната трета рунда Нелсон даде се од себе знаејќи дека мора да тргне напред за да победи.

 

Успеа да го сруши Филиповиќ на теренот, но не и да направи вистински удари, ја доби рундата со 10:9 но недоволно за победа.

 

Кога судијата ја крена раката на Кро Коп, Нелсон направи изненадувачка гримаса на лицето, но беше јасно дека Хрватот, гледајќи ги сите рунди беше доминантен и заслужено победи.

 

Ако ја пропуштивте погледнете ја целата борба....

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.