Тимот на Леброн го победи тимот на Јанис на НБА Ол Стар натпреварот (видео)

Во 68-от Ол-стар натпревар во НБА лигата, тимот на Леброн Џејмс беше поуспешен од тимот на Јанис Антетокумпо со 178:164.

 

По традиција, ваквите натпревари се карактеристични по големиот број постигнати поени и атрактивни потези, а одбраната речиси и да ја нема.

 

Најефикасен во победничкиот состав беше кошаркарот на Голден Стејт, Кевин Дурант, со 31 поен. Леброн стигна до 19 поени исто како и Каваи Ленард.

 

Најпродуктивен во поразениот тим беше Антетокумпо зад чие име останаа запишани 38 поени и 11 скока. Пол Џорџ даде 20, додека Стеф Кари и Расел Вестбрук по 17 поени.

 

МВП наградата за најкорисен играч на натпреварот отиде во рацете на Кевин Дурент од Голден Стејт, кој по вторпат го добива ова признание на Ол Стар натпреварите.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.