Баерн без Рибери, Боатенг и Милер против Ливерпул на дуелот од ЛШ

Баерн Минхен го објави тимот со кој ќе настапи на претстојниот гостински натпревар во осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул.

 

Во составот на Баварците го нема Томас Милер, кој издржува суспензија поради црвен картон во групната фаза на Лигата на шампионите против Ајакс. Исто така меѓу пријавените не се ниту Франк Рибери и Џером Боатенг.

 

Првиот натпревар од осминафиналната пресметка во елитното натпреварување меѓу Ливерпул и Баерн ќе се одигра утре (19 февруари) на „Енфилд" со почеток во 21 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.