Гризман: Ќе сториме сé што е можно за да играме финале во ЛШ

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, е оптимист дека неговиот тим може да стигне до завршницата до елитното фудбалско натпреварување.

 

Атлетико во осминафиналето ќе игра со Јувентус. - Имаме играчи кои играа во финалето на Лигата на шампионите, Лига Европа и Светското првенство. Ние веќе сме искусни и со самодоверба влегуваме во важните натпревари и клучните епизоди.

 

- Нашиот тим има и нови лица, но основната база останува иста, и ова ќе ни помогне да постигнеме добри резултати, изјави Гризман.

 

Тој верува дека може да се случи Атлетико да се појави на неговиот стадион во финалето на ЛШ.

 

- Патот ќе биде тежок, но ние ќе се обидеме најдобро. Ќе сториме сé што е можно за да стигнеме до финалето, но ќе видиме, вели Французинот.

 

Натпреварот Атлетико Мадрид – Јувентус ќе се игра утре од 21 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.