Солскјер прв тренер на МЈ по Фергусон, кој го победил Челзи на гости

Манчестер јунајтед вчеравечер го победи Челзи со 2:0 во осминафиналето на ФА Купот.

 

Оваа победа за МЈ беше прва на стадионот на лондончани од октомври 2012 година. Пред седум години тимот беше предводен од Алекс Фергусон.

 

Така, Оле Гунар Солскјер стана првиот тренер по Фергусон, кој успеа да победи на „Стемфорд Бриџ".

 

Откако Фергусон поднесе оставка од функцијата во 2013 година, тимот го водеа Дејвид Мојс, Рајан Гигс, Луис ван Гал и Жозе Мурињо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.