Навивачите на Реал ја поддржаа идејата за напуштање на „АЦБ" лигата

Идејата на Реал Мадрид да го напушти шпанскиот кошаркарски шампионат по контроверзните одлуки во финалето на Купот, сретна голема поддршка меѓу навивачите на „белите".

 

Ова е резултат на анкета организирана од локалниот весник „Марка". Во медиумите упорно се тврди дека раководството на клубот разгледува различни опции да ја напушти „АЦБ" лигата, а причината за ова е конечната одлука на судиите во финалето на Кралскиот куп.

 

Повеќе од 75.000 приврзаници на „кралскиот" клув гласаа во анкетата на мадридското издание, откако 67% гласале во корист на евентуалното заминување на десеткратниот европски шампион од локалната лига.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.