Пике: Добро е што Реал нема ракометарски или хокеарски тим – и таму ќе се жалат

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, најде нова прилика да го нападне големиот конкурент Реал Мадрид.

 

Тој го критикуваше тимот од Мадрид за нивните претензии против судиите во финалето на кошаркарскиот Куп на Шпанија. Во него, Реал изгуби со 93:94 од Барселона, а потоа од тимот го изрази своето незадоволство од судиите, за одлуките во последните секунди од натпреварот.

 

Претседателот на клубот Флорентино Перез дури се закануваше да го повлече тимот од локалната „АЦБ" лига.

 

– Тоа се случува и во фудбалот и во кошарката. Добро е што ги нема во други спортови, како ракомет и хокеј, бидејќи ќе се жалат и таму. Многу сум горд на нашиот тим, бидејќи тие беа аутсајдери и победија во Мадрид. Тие беа гладијатори против европските шампиони. Потоа имаше спорови околу судиите, но прво тие досудија во корист на Реал, а потоа и за Барса. Ако судиите не направија грешки, Барселона повторно ќе победеше. Сè друго е само бучава за да се сокрие фактот дека Барса е победник, рече Пике по натпреварот против Лион во Лигата на шампионите, кој заврши со 0:0.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.