Македонската кошаркарска репрезентација и гостува на Романија

Македонските кошаркарски репрезентативци денеска против Романија ќе го одиграат последниот натпревар од претквалификациите за Европското првенство.

 

За пласман во квалификациите за следниот континентален собир предвиден за 2021 година, на Македонија и одговара и пораз но не поголем од 14 поени разлика.

 

Селекторот Јорданчо Давитков за разлика од претходните натпревари нема да може да смета на плејмејкерот Александар Костоски кој во меѓувреме стави крај на репрезентативната кариера.

 

Почетокот на натпреварот во Плошети е закажан за 17 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.