Облак и Атлетико се договорија – голманот ќе добива по 10 милиони евра на сезона

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак ќе потпише нов договор со „јорганџиите", објавија шпанските медиуми.

 

Двете страни постигнаа договор, а официјалната објава ќе се случи следната недела. Актуелниот договор на 26-годишниот голман е до 2021 година со клаузула за откуп од 100 милиони евра.

 

Новиот договор ќе му овозможи на словенечкиот репрезентативец да заработува помеѓу 10 и 12 милиони евра годишно.

 

Неговата клаузула за ослободување сигурно ќе се зголеми, со износи помеѓу 150 и 200 милиони.

 

Заминувањето на Диего Годин и Филипе Луис во текот на летото ќе му овозможи на Атлетико да потроши повеќе пари на Облак.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.