Лејкерси со импресивен пресврт до победа против Хјустон (видео)

Леброн Џејмс беше во основата на импресивниот пресврт кој Лос Анџелес Лејкерс го остварија, откако стигнаа заостанување од 19 поени во домашниот меч против Хјустон.

 

„Кралот" и неговите соиграчи губеа со голема разлика во средината на третиот период, но успеаја да стигнат до краен успех со 111:106.

 

„Езерџиите" го бркаа резултатот во поголемиот дел од дуелот во „Стејплс Центар", а осум минути пред финалната сирена заостануваа со седум разлика (88:95), но осумте поени на Џејмс, дел од серијата од 17:4, ја запалија искрата и така дојдоа до триумф.

 

Четири минути пред крајот, Лејкерси веќе беа во предност со 99:97, а малку подоцна предноста на тимот од Калифорнија достигна осум поени. На крајот, играчите на Лук Волтон победија со 111:106.

 

По шести пат во сезоната, Лејкерс се враќаат и освојуваат натпревар по заостанување од 15 или повеќе поени. Џејмс постигна 29 поени, кон кои додаде 11 скока, 6 асистенции, 1 одземена топка. Брендон Инграм направи „дабл-дабл" од 27 поени и 13 скока, Кајл Кузма беше трет најдобар реализатор со 18 поени, а Реџи Булок со 14 и МекГи со 11, го додаваат списокот со играчи со двоцифрен број поени од стартната петорка.

 

Џејмс Харден заврши со 30 поени и 8 грешки, откако го напушти теренот поради лични грешки, но веќе бележи 30 или повеќе поени во 32 последователни натпревари и оваа серија го става на второ место на вечната листа, а повеќе од него има само Вилт Чембрлен (65 последователни натпревари.

 

Резултати од НБА:

Кливленд – Феникс 111:98

Филаделфија – Мајами 106:102

Бруклин – Портланд 99:113

Милвоки – Бостон 98:97

Голден Стејт – Сакраменто 125:123

Лос Анџелес Лејкерс – Хјустон 111:106.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.